| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски во име на Владата: Треба да се заштити јавниот интерес, интересот на граѓаните, вработените и акционерите на „Макпетрол“

pesevski
Во однос на претпоставките кои се појавија кај дел од јавноста за можна енергетска криза во државата, не навлегувајќи во постапката на обвинителниот акт, кој е во надлежност на јавното обвинителство, би го истакнал ставот на Владата дека согласно Закон, треба да се обезбеди јавниот интерес и сите државни институции кои се вклучени во кривично-правниот процес треба да преземат легални чекори кои нема да го стават под прашање јавниот интерес, заштитувајќи ги интересите на граѓаните, како и интересите на акционерите и вработените во компанијата „Макпетрол“, објави вечерва вицепремиерот Владимир Пешевски на својот фејсбук профил.

– Исто така потребно е да се обезбедат услови за задоволување на јавниот интерес и од страна на операторот кој е предмет на процесот за утврдување на фактите. Владата во рамките на своите надлежности ќе го следи рзвојот на настаните и доколку е потребно ќе ги преземе сите неопходни чекори да не дојде до посериозно нарушување на балансот на снабдувањето со нафтени деривати и горива за транспорт на граѓаните на Република Македонија, вели Пешевски во својата објава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top