| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос: Мојот сон продолжува, сакам да се пензионирам во Реал Мадрид

Откако утринава беше обелоденето дека Серхио Рамос го продолжил договорот со Реал Мадрид до 2020 година и со тоа ќе заработува девет милиони евра по сезона, новиот капитен на „кралевите“ по заминувањето на Икер Касилјас во Порто, на прес-конференцијата истакна дека неговиот сон е да се пензионира во клубот.

– Кога му се приклучив на Реал Мадрид мојот сон стана јаве. Од сегашен агол, сакам сонот да продолжи сè до мојата фудбалска пензија. Би сакал да се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез и на раководството на Реал Мадрид за довербата што ја имаат во мене и ќе се трудам да ја оправдам на најдобар можен начин. Во ниту еден момент парите не беа пресудни или, пак, пречка за да биде променет мојот однос кон клубот. Привилегија е да се носи дресот на Реал Мадрид и никогаш не сум имал поинакво мислење – изјави Серхио Рамос.

Во текот на летото имаше шпекулации дека дефанзивецот сака да си замине од Реал Мадрид и да се пресели во Манчестер јунајтед, но на крајот тој потпиша нов договор со „кралскиот клуб“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top