Од 20 август до крајот на годината Грција би требало да добие пет транши или повеќе од половина од новиот пакет за спас во вредност 85,5 милијарди ерва, договорен со кредиторите на земјата, јави дописникот на МИА од Атина.
Според весникот „Та неа“, транши ќе се доделуваат во зависност од спроведените економски мерки, кои ги бараат кредиторите.
Во документ финансиските потреби на Грција, кој ѝ бил претставен на Еврогрупата, се предвидува земјата да добие пет месечни рати од август до декември, а за секоја од нив Владата во Атина ќе треба да спроведува конкретни мерки донесени во Парламентот.
Од вкупно 58 економски мерки, за кои било дискутирана на состанокот на Еврогрупата на 14 август, шест се делумно реализирани, а уште 13 допрва треба да бидат исполнети.
Месечни рати до крајот на годината во вредност 46,7 милијарди евра зависат од овие мерки. Тие ги бараат кредиторите, и предвидуваат кратење на буџетските трошоци, промени во пензиско-осигурителниот систем, решавање на проблемот со лошите кредити и продажба на регионалните аеродроми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст