| четврток, 6 декември 2018 |

Еко­но­ми­ја­та го вра­ќа ела­нот кај лу­ѓе­то

Проф. д-р Јованка Кепеска

Проф. д-р Јованка Кепеска

Кри­ти­ка­та, ко­ја и не е од ско­ро вре­ме, де­ка акту­ел­ни­те за­лож­би и мер­ки на др­жа­ва­та се „по­пу­ли­стич­ки“, оста­ну­ва не­јас­на.  До­тол­ку по­ве­ќе што ос­нов­но­то зна­че­ње на по­и­мот по­пу­ли­зам упа­ту­ва на ра­бо­те­ње во ин­те­рес на на­ро­дот, а се ин­си­ну­и­ра ма­ни­пу­ла­тив­ност, за­ла­жу­ва­ње и не­ма­ње до­бри на­ме­ри. До­тол­ку по­ве­ќе што со за­лож­би­те на оваа по­ли­тич­ка гар­ни­ту­ра на власт се овоз­мо­жу­ва­ат но­ви ин­ве­сти­ции кои ја ме­ну­ва­ат стру­кту­ра­та на еко­но­ми­ја­та, се зго­ле­му­ва вра­бо­ту­ва­ње­то, се за­жи­ву­ва зем­јо­делс­тво­то, се по­до­бру­ва по­лож­ба­та на зем­јо­дел­ци­те но и на дру­ги­те со­ци­јал­ни гру­пи. Се опре­му­ва­ат здрав­ство­то, школс­тво­то и ин­фра­стру­кту­ра­та и се ос­тва­ру­ва со­ли­дар­но­ста со гру­пи­те на оп­штес­тво­то на кои им е по­треб­на по­мош. От­та­му, си­стем­ски­те мер­ки ја за­жи­ву­ва­ат еко­но­ми­ја­та, ја зго­ле­му­ва­ат оп­шта­та ефе­ктив­ност, но гри­жа по­стои и за дру­ги­те ас­пе­кти на жи­во­тот .

Кри­ти­ка­та, за­тоа мо­же да се зак­лу­чи, де­ка про­из­ле­гу­ва спо­ред при­ста­пот кој е ка­ра­кте­ри­сти­чен за пра­кти­ка­та на ад­ми­ни­стра­тив­но-би­ро­крат­ски­от си­стем, кој, по­ра­ди сво­ја­та не­функ­ци­о­нал­ност,  ја за­ми­ра­ше еко­но­ми­ја­та. Тоа бе­ше и при­ста­пот по­ра­ди кој беа уни­ште­ни ма­те­ри­јал­ни­те до­бра во тран­зи­ци­ски­от пер­и­од, енорм­но се зго­ле­ми не­вра­бо­те­но­ста и се од­ле­а­ја средс­тва над­вор од др­жа­ва­та. Ка­ко ви­со­ка це­на што се пла­ти, и не са­мо по­ра­ди де­зо­ри­ен­та­ци­ја­та ко­ја ја соз­да­де не­о­ли­бе­ра­ли­стич­ка­та ори­ен­та­ци­ја, со де­ви­за­та да се оста­ви сé да оди са­мо по се­бе. Изо­ста­на со­од­вет­на прав­на ре­гу­ла­ци­ја и актив­ност од по­ли­тич­ки­от ре­пре­зент за да се над­ми­нат не­га­тив­ни­те пос­ле­ди­ци и да се из­бег­не еко­ном­ска­та, но и оп­шта­та оп­штес­тве­на не­е­фи­кас­ност.

Би мо­же­ле да се по­ста­ват и пра­ша­ња­та да­ли и пре­диз­ви­ку­ва­ње­то нај­а­кту­ел­ни­те бој­ко­ти, оне­воз­мо­жу­ва­ње­то на ра­бо­та­та на Со­бра­ни­е­то во полн ка­па­ци­тет и по­вто­ру­ва­ње на из­бо­ри­те, ре­чи­си, се­ко­ја го­ди­на, ка­ко по­стап­ки, про­из­ле­гу­ва­ат по инер­ци­ја, исто та­ка, по­ра­ди сѐ уште не­ос­ло­бо­де­на­та свест и не­гри­жа за еко­ном­ски­те и за­дру­ги­те ас­пе­кти на жи­во­тот.

Поз­на­то е де­ка и са­ми­те лу­ѓе кои ја со­чи­ну­ва­ат би­ро­кра­ти­ја­та при та­ква оп­штес­тве­на со­стој­ба де­ка, исто та­ка, се чув­ству­ва­ат не­ре­а­ли­зи­ра­ни и не­среќ­ни. За­тоа што нив­на­та не­ре­а­ли­зи­ра­ност се ја­ву­ва би­деј­ќи тие лу­ѓе ис­пи­шу­ва­ат то­ни хар­ти­ја ка­ко на­со­ки, за­ко­ни и дру­го, што фи­гу­ра­тив­но за­вр­шу­ва­ат во кор­пи за от­па­до­ци. При­чи­на за тоа е што нив­ни­те актив­но­сти се ос­мис­лу­ва­ат од­во­е­но од ре­ал­но­ста, а пос­ле­ди­ци­те не ги по­га­ѓа­ат са­мо по­е­дин­ци­те, ту­ку ја умр­тву­ва­ат еко­но­ми­ја­та и соз­да­ва­ат си­ви­ло на жи­во­тот во це­ли­на.

Впро­чем, мно­гу де­це­нии на­на­зад, на­ро­дот ве­ќе бе­ше све­док на та­ква­та схо­ла­стич­ност, ис­праз­не­тост на ве­ту­ва­ња­та и не­ос­тва­ру­ва­ње.

Во пос­лед­но вре­ме, во Ма­ке­до­ни­ја, се­пак, мо­же да се пре­поз­на­ат про­це­си кои вро­ду­ва­ат со плод. Тоа се про­це­си кои го вра­ќа­ат ела­нот на лу­ѓе­то за да сра­бо­тат не­што во кое гле­да­ат еко­ном­ски, фи­нан­си­ски, естет­ски, ху­ма­ни­тар­ни, на­уч­ни мо­ти­ви. Дос­лед­но­ста во по­ли­тич­ка­та сфе­ра, што зна­чи про­ме­на на функ­ци­о­ни­ра­ње­то на си­сте­мот, го на­пра­ви сво­е­то. Збо­рот да вре­ди. Име­но, спо­ред ети­мо­ло­шко­то зна­че­ње, збо­рот со­др­жи ре­ал­ност, ма­те­ри­јал­ност, ствар­ност. Ако има та­ков збор, то­гаш се­ка­ко ќе има и ефе­кти во жи­во­тот, и кај по­е­дин­ци­те, но и во це­ла­та за­ед­ни­ца.

Тоа го­во­ри де­ка не е са­мо фло­ску­ла по­тре­ба­та од ор­га­ни­за­ци­ја­та на оп­штес­тво­то. Таа е во функ­ци­ја на на­би­ра­ње­то на вре­ме­то. А за­ште­да­та на вре­ме­то е по­го­ле­ма про­из­вод­ност. Ор­га­ни­за­ци­ја­та  овоз­мо­жу­ва суб­је­кти­те во про­це­сот на ре­про­дук­ци­ја­та: про­из­водс­тво – раз­ме­на – по­тро­шу­вач­ка,  да со­од­вет­ству­ва­ат. За­тоа што ус­пеш­на­та еко­но­ми­ја, е ос­твар­ли­ва,  од про­из­во­ди­те­ли­те но и од по­тро­шу­вач­ка­та мре­жа, од­нос­но од за­ем­ни­от ус­пех на си­те оп­фа­те­ни учес­ни­ци во про­из­водс­тво­то.

Су­шти­на­та на функ­ци­о­нал­на­та еко­но­ми­ја, за ко­ја е ка­ра­кте­ри­сти­чен ре­ал­ни­от со­од­нос кон ствар­но­ста при соз­да­ва­ње­то до­бра, при што се оп­фа­те­ни си­те учес­ни­ци во оп­штес­тве­на­та ор­га­ни­за­ци­ја, зна­чи оп­штес­тве­ни­те асо­ци­ја­ции, но и др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, иа­ко тие се та­ка­на­ре­че­на­та над­град­ба, да одат во пре­срет на ре­ал­ни­те про­це­си и да ги овоз­мо­жу­ва­ат. Нив­на­та ми­си­ја е по­треб­на за да пре­срет­ну­ва­ат со за­ко­ни и дру­ги актив­но­сти, ка­ко и со по­ли­тич­ки ре­ше­ни­ја, ка­ко би се ос­тва­ри­ла што по­е­фи­кас­на еко­но­ми­ја и по­жи­ви оп­штес­тве­ни те­ко­ви.

Ако во еко­но­ми­ја­та, впро­чем, ка­ко и во це­ли­на на оп­штес­тво­то, се ос­ло­бо­ду­ва ефе­ктив­но­ста на по­е­ди­не­цот, ка­ко и на це­ли­на­та на за­ед­ни­ца­та, то­гаш тоа е ос­тва­ру­ва­ње на де­мо­кра­тич­но­ста на оп­штес­тво­то, исто та­ка, и исто­вре­ме­но.

Овоз­мо­жу­ва­ње­то на по­тен­ци­ја­ли­те на оп­штес­тво­то, пре­ку актив­но­сти­те на по­е­дин­ци­те, ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на нив­ни­от елан, го соз­да­ва­ат оп­штес­тве­ни­от на­пре­док и сре­ќа­та на лу­ѓе­то. И не се тоа са­мо пу­сти жел­би, ту­ку мош­не ре­ал­ни по­тре­би и за­тоа пре­суд­на е гри­жа­та кр­во­то­кот на оп­штес­тво­то да функ­ци­о­ни­ра. Не­што што не е по­пу­ли­зам, ту­ку оче­ку­ва­на и ко­рис­на актив­ност.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top