| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски денеска во Кочани, Виница и во Берово

DSC_0117
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска  ќе оствари посета на општините Кочани, Виница и Берово.

Агендата на настани е следнава:

– во 12.40 часот, посета на реконструираното средно  општинско училиште „Љупчо Сантов“, општина Кочани;

– во 13.00 часот, посета на компанијата „Макпрогрес-Винчини“, општина Виница;

– во 13.25 часот, присуство на пуштање во употреба на двојно тениско игралиште, општина Виница;

– во 14.25 часот, присуство на пуштање во употреба на пешачка патека околу Беровско Езеро;

– во 14.35 часот, присуство на поставување камен темелник за изградба на фекална канализација за продолжување на главниот колектор во туристичката населба „Беровско Езеро“ и

– во 15.05 часот, посета на реконструираното основно  училиште ,,Никола Петров – Русински“, населено место Русиново, општина Берово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top