Од раскинувањето на врската со партнерот, без разлика дали станува збор за куса афера, подолга врска или развод на бракот, емотивно потешко има паѓа на жените, но од него подолго се закрепнуваат или никогаш не заздравуваат мажите, покажа едно американско истражување.
Причините за тоа треба да се бараат во биологијата, тврди Крег Морис, професор по антропологија на американскиот универзитет Бингамтон.
Жените можат многу повеќе да загубат доколку се во врска со „погрешен“ маж, поради што многу подобро го прифаќаат фактот дека врската е завршена, особено ако сакаат да засноваат семејство, но и се закрепнуваат многу подобро и побрзо од мажите прифаќајќи ја новата ситуација.
„Едноставно, жените се свесни за тоа дека по врската може да загубат многу повеќе од мажите. Кусите романси за нив може како последица да донесат деветмесечна бременоста, а мажот може засекогаш да си замине и буквално неколку минути по средбата“, вели Морис.
Истражувањето спроведен над 5.705 доброволни испитаници покажало дека жените по прекинувањето на врската чувствуваат бес, непријатност, страв па и депресија, воопшто посилна душевна болка, додека мажите немаат такви чувства. Благодарејќи на фактот дека се помалку деструктивни, жените заздравуваат од раскинувањето меѓу блиските личности, пријатели, членови на семејството и се трудат позитивно да размислуваат за што побрзо да се закрепнат, да продолжат натаму и евентуално да најдат нов партнер, во што се поселективни од мажите.
Мажите, пак, се „натпреварувачки расположени“ при изборот на партнерката, па нејзиното губење, особено доколку ја сметале за „добар лов“ го чувствуваат со месеци, дури и со години по раскинот. Иако во почетокот на покажуваат емоции, испитаниците одговориле дека по раскинувањето на врската се чувствувале празно, како и дека им се чинело оти го загубиле фокусот. Меѓутоа, бесот кај нив траел многу подолго, иако јавно го негирале своите емоции.
„Мажите многу подолго ја чувствувале загубата, особено која станувале свесни за фактот дека мора да продолжат со ‘натпреварот’, односно да започнат од почетокот за да ја заменат партнерката кој ја загубил, или, пак, уште полошо, кога сфатиле дека загубата е ненадоместлива“, тврди професорот Морис.
Имајќи предвид дека жените биле посвесни за фактот дека можат многу да загубат доколку изберат погрешен партнер, почесто од мажите се решавале за раскинување на врската. Во прилог на тоа говори фактот дека во САД при поднесувањата барања за развод на бракот дури 70 отсто тоа го прават жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.