| четврток, 6 декември 2018 |

Поради минирање непрооден патот Охрид-Кичево

На патниот правец А2, Охрид – Кичево на планинскиот премин Пресека, кај село Врбјани, поради изведување градежни работи на пат, минирање, во понеделник сообраќајот ќе биде во прекин од 14  до 16 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија од АМСМ.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top