| четврток, 6 декември 2018 |

Силен дожд го потопи Штип

dozd3
Според УХМР Македонија вчера беше зафатена од краткотрајно невреме проследено со дожд, грмежи и со засилен ветер.

Најмногу дожд наврна во Штип – 21 литри на квадратен метар , 14 во Крива Паланка, по 13л/м2 во Крушево, Охрид, 12 во Берово, 9 во Скопје –Зајчев Рид и Прилеп.

Нејмалку врнежи имаше во Пожаране, Маврово, Демир Капија, Гевгелија и Дојран по 1 л/м2.

Врнежи имаше и во Претор (8), Тополчани (7), Куманово, Битола (6), Виница, Лазарополе (5), Кавадарци (4), Тетово, Пожар, Дебар (3) и во Струмица 2 во л/м2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top