| четврток, 6 декември 2018 |

Од вторник му се враќаме на топлото августовско време

avgust_2015_4
Оваа недела је започнавме со мал пад на температурата и добра количина на дожд уште во раните утрински часови од понеделник.
Според Метеопро вторник и среда ќе бидат претежно сончеви денови со сосема мала облачност. Во среда навечер е можно да има сосема слаб развој на облачност во источниот крај, долж границата со Бугарија, но оваа облачност би донела сосема слаби врнежи.

Во четврток се очекува променливо време, со зголемена облачност. Врнежи се очекуваат од истата, но локални и позастапени во источната половина од земјата. Мала веројатност за дожд ќе има и во северозападниот крај, но повеќе околу планините. Максималната температура од вторник се до четврток ќе има вредност од 32°С до 35°С во повардарскиот регион, околу 29°С во котлините во југозападниот крај и околу 32°С во низините од источниот регион

Петок, со умерена облачност, но засега без изгледи за врнежи. Во петок очекуваме нов, позначителен пад на температурата.
Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top