| четврток, 6 декември 2018 |

Неделава променливо со дожд и пад на температурата в петок

soncevovremeeeОваа недела је почнавме со мал пад на температурата и со добра количина дожд уште во раните утрински часови од понеделник.

Понеделнички, дожд очекуваме само локално, пред сè во планинскиот дел од истокот на земјава. Повремен дожд е можен и во планинскиот северозападен регион, но веројатноста е релативно мала, прогнозира Метеопро.

Вторник и среда ќе бидат претежно сончеви денови со сосема мала облачност. В среда навечер е можно да има сосема слаб развој на облачност во источниот крај, покрај границата со Бугарија, но обаа облачност би донела сосема слаби врнежи.

В четврток се очекува променливо време, со зголемена облачност. Се очекуваат врнежи, но локални и позастапени во источната половина од земјата. Мала веројатност за дожд ќе има и во северозападниот крај, но повеќе околу планините.

Петок, со умерена облачност, но засега без изгледи за врнежи. Во однос на температурата, понеделник иако ќе биде посвеж од претходните денови, сепак од вторник му се враќаме на топлото августовско време.

Максималната температура од вторник до четврток ќе има вредност од 32 до 35 Целзиусови степени во повардарскиот регион, околу 29 Целзиусови степени во котлините во југозападниот крај и околу 32 Целзиусови степени во низините од источниот регион.

В петок очекуваме нов, позначителен пад на температурата. Засега изгледа дека ќе имаме пад на температурата за шест до седум Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top