Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Свети Николе – Овче Поле, кај село Пеширово, сообраќајот е во прекин, информираат утрово од Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на патниот правец А2 Охрид – Кичево денеска од 14 до 16 часот ќе биде во прекин поради минирање кај планинскиот премин Пресека во близина на село Врбјани.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.