| четврток, 6 декември 2018 |

Растот на наталитетот охрабрува дека владините мерките даваат резултати

Baby-3
Иако и во 2014 година во поголемиот број на општини, особено во оние со доминантно македонско население имаше негативен природен прираст, сепак се забележува зголемување на фертелитетот односно бројот на родени деца кој во репродуктивниот период ги раѓа една жена.

Премиерот Груевски кој вчера беше во посета на општината Петровец се осврна на наталитетот во оваа општина кој оди во нагорна линија.

-Општината Петровец има доста младо население, има доста млади брачни парови, а и голем број родители кои се решаваат за трето, четврто, па и петто дете. Како податок ќе го земам бројот на семејства кои се решиле за трето дете. Во 2009 година имало 15 вакви семејства од Петровец, а изминатата 2014 година бројот на семејства кои добиле трето дете се има искачил на 38 семејства. Ваквото покачување е за повеќе од 100 %. Тоа се одлични показатели. Таквите трендови мора да продолжат и дополнително да се прошират, посочи премиерот.

Според последните податоци во руралната општината Лозово во 2008 година пред да започне да се дава родителскиот додаток за трето дете биле родени 20 бебиња, додека во 2014 година тој број се зголемил на 35.

Во општината има зголемување на бројот на родени бебиња и покрај тоа што населението се намалува. Во 2008 година во општината имало 2700 жители и имало само 20 родени бебиња, а во 2014 во во општина Лозово живееле 2400 лица, а бројот на новородени изнесувал 35 лица, односно зголемување на бројот на новородени за над 75 проценти. Замислете кога бројот на новородени би се зголемил за 75 проценти на ниво на цела Македонија.

Врз зголемувањето на наталитетот во општината се чини имала влијание финансиската подршка која им се дава на брачните парови кои имаат трето дете. Па така ако во 2008 година имало три третородени, деца во 2014 година нивниот број се зголемил на шест, поточно за сто проценти.

Во општината Лозово освен стимулациите кои се добиваат од државата активно се работи и на локално ниво.

За да се зголеми наталитетот општина Лозово превзема конкретни мерки. Од страна на општината се даваат финансиски средства и бенефиции за новите брачни парови, но и по 5000 денари за секое родено дете.

Зголемување на наталитетот има и во Зрновци. Оваа рурална општина во Источна Македонија е еден од позитивните примери кој успешно и пркоси на оваа уништувачка појава. Имено, според официјалните статистики, во оваа општина во 2008 година е родено само едно трето дете, додека во 2014 година се родени четири трети деца.

Исто така, особено влева надеж податокот дека во 2008 година, односно пред седум години во оваа општина немало родено ниту едно четврто дете во едно семејство, додека во 2014 година родени се три четврти деца во Зрновци.

Според Државниот завод за статистика, во 2009 година во Општина Зрновци биле родени 21 дете, додека во 2014 година бројот на родени деца е зголемен на 30.

Овие бројки јасно покажуваат дека во оваа македонска општина има добар прогрес во борбата за поголем наталитет, што на дело покажува дека стимулациите за многудетно семејство се позитивни и даваат резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top