| четврток, 6 декември 2018 |

Проект „Соседска патрола“ во Кисела Вода

патрола
Претставници од општина Кисела Вода, заедно со лица од месните заедници и од полициската станица во оваа општина вршеа обиколка на повеќе локации каде се собираат млади до доцните часови и каде се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир.Посетени беа повеќе паркови низ општината, дворовите на повеќе детски градинки и училишта, детски игралишта, напуштени објекти, автобуски станици во неколку урбани задници каде со лицата кои беа таму затекнати се разговараше за тоа какви се законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.Обиколката се реализира во рамки на проектот „Соседска патрола” што го спроведува Министерството за внатрешни работи, преку СВР-Скопје и Полициската станица во Кисела Вода, заедно со локалната самоуправа. Целта е зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места, како и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир на ова подрачје. Од општината најавуваат дека проектот ќе продолжи и во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top