| четврток, 6 декември 2018 |

Во поплавените подрачја ќе се изврши авионско прскање против комарци

Министерството за здравство информираше дека во четврток 20 август ќе спроведе авионска дезинсекција на подрачјата на 9 Центри за јавно здравје (Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес), односно на вкупна површина околу 6000 хектари, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите.

komarci-prskanje

Авионската дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5:00 до 8:00 часот. За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите и да не ги пуштаат надвор во наредните 3 – 4 часа од прскањето, сооштија од министерството за здравство.

Станува збор за втора вонредна дезинсекција организирана од Министерството за здравство заради појавата на поплави кои го зафатија подрачјето на Република Македонија.

Инаку, согласно Акцискиот план за спречување на појава и ширење на вектор преносливи болести (со посебен акцент на комарци и крлежи), секоја година, почнувајќи од месец март до септември се преземаат активности за дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја, се наведува во соопштението од министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top