Македонската писателка Лидија Димковска неодамна потпиша ексклузивен договор со француската агенција за книжевност и филм „Астје-Пеше“ за романот „Резервен живот“.
Агенцијата, која важи за една од најдобрите книжевни агенции во Европа и која го застапува и Гоце Смилевски, ќе се погрижи романот на Димковска да биде преведен и објавен низ целиот свет.
Досега романот „Резервен живот“, која ја доби наградата на Европската Унија за 2013 година, како и на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, излезе на словенечки, унгарски и бугарски јазик, а наскоро ќе биде објавен и на чешки, српски, италијански, хрватски и албански јазик.
Во најновиот број на престижната американска ревија за книжевност „Чикаго ривју“ беше објавено првото поглавје од романот во целост, во превод на англиски јазик на познатата американска македонистка Кристина Крамер, а веднаш потоа Димковска потпиша договор за романот и со американскиот издавач „Ту лајнс прес“, специјализиран за преводи на белетристика на англиски јазик.
Нејзиниот прв роман, пак, „Скриена камера“ по преводите на словачки, полски, словенечки и бугарски, годинава ќе биде објавен и во превод на летонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст