Недела е последниот ден од серијата потопли августовски денови. Највисоката дневна температура ќе има вредности околу 36°С во повардарскиот крај, околу 31°С во југозападниот регион и околу 34°С во котлините од источниот регион.
Според Метеопро попладне и навечер се очекува умерен, а локално и силен развој на конвективна облачност која ќе резултира со местимичен пороен дожд проследен со засилен ветер изачестена појава на грмежи. Поголема веројатност за појава на поинтензивни врнежи ќе има во северната половина од земјата.
Во случај да се најдете во област во која има атмосферски електрични празнења и силен ветер избегнувајте престој на отворено и под осамени дрвја. Скопската колина очекува ден со максимална температура не повисока од 35°С. Попладне и навечер ќе има повремена појава на дожд, локално проследен со грмежи и засилен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст