| четврток, 6 декември 2018 |

Шеесетгодишен полицаец настрада од ударот од гром во Прилеп

Педесет и петгодишен прилепчанец попладнево загина од удар од гром, а една жена е повредена и пренесена во Градската болница во Прилеп.
udar-grom500

Според началникот на Службата за итна медицинска помош Гоце Јонзоски, станува збор за Гоце Т., роден 1960 година, пензиониран полицаец.

– Трагедијата се случила во атарот на прилепското село Беровци, во месноста Долно Садово пред 17 часот кога имаше силни грмотевици. Мажот и жената биле на отворено крај машина за нижење тутун, која најверојатно, го привлекла громот. Мажот починал на местото на несреќата, а жената со тешки повреди е префрлена во Градската болница, изјави Јонзоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top