| четврток, 6 декември 2018 |

Шеќеринска му изнајмува лежалка на сопругот

image-24f42e5ec1ed50976b1f5ec6cd98d7ce9d6de9ef3905d5ef3d7b22c2343ba49c-VНиз медиумите деновиве се појави информација за летната дестинација на која потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска се одмара од напорниот престој во кампот пред владата и се спрема за враќање во собраниските клупи.

На фотографиите се гледа фигура за која медиумите тврдат дека е таа на Шеќеринска, како се одмара на лежалка на плажа во Сивота, Грција. Експертите се согласуваат дека лицето на фотографиите навистина е Радмила Шеќеринска.

„Како што гледате од сликата, Шеќеринска лежи сама на лежалка, додека втората лежалка до неа е празна. Според досегашната пракса, имаме причина да веруваме дека Шеќеринска ги има купено двете лежалки, а едната ќе ја издаде под наем на својот сопруг – како што тоа го прават со становите во Скопје“, вели нашиот експерт за анализа на слики од одмори.

Не е познато каде летуваат партиските другари на Шеќеринска, но фановите на опозицијата се надеваат дека и тие се на место на кое добро ќе се одморат од напорното престојување во кампот пред владата.

„Од први септември обврските ќе им се зголемат многукратно, а ќе ги земаат истите пари како и досега, кога не одеа во парламентот, а добиваа пратеничка плата. Затоа заслужуваат одмор на елитни одморалишта, во најдобри услови бидејќи она што ги чека ќе од први ќе ги истоштува премногу – не е лесно повторно да научиш да седиш, откако долго време си лежел“, вели загрижен симпатизер на СДСМ.

 Кромиди Запад
Top