Пред да легнете да спиете, сите услови треба да бидат оптимални за вашето тело да смета дека сакте да спиете во следните 8 часа. Два часа пред да легнете да спиете, избегнувајте директни извори на светлина. Светлината е примарниот фактор што ве одржува будни во текот на денот и поради тоа го отежнува заспивањето. Кога се подготвувате за спиење, сведете ја на минимум вештачката светлина, вклучувајќи ја и онаа од лаптопот, телевизорот, смартфонот и сите други електронски уреди кои ги имате во домот. Ако мора да користите некој уредите, тогаш отидете во добро осветлена соби, наместо да го вклучувате во спалната.
Вежбајте
Вежбањето го забрзува пулсот и ја подобрува циркулацијата на крвта, па на прв поглед се чини дека е токму тоа што треба да го избегнувате ако сакате да заспиете. Но, од друга страна, вежбањето ве изморува, по што ви е неопходно време за опоравување. Откако телото ќе се стабилизира и ќе започне со процесот на опоравување, вие станувате поспани. Сепак, бидете внимателни – за да имате доволно време за стабилизација, закажете ги вашите тренинзи рано наутро или пак попладне, но не подоцна од 18 часот.
Разбистрете ја главата
Ако низ главата ви се врткаат стотици мисли поврзани со изминатиот и утрешниот ден, ќе имате огромни потешкотии при заспивањето. Дури и ако заспиете, анксиозноста ќе го намали квалитетот на спиењето. Последно нешто што сакате во текот на ноќта се грижите, бидејќи на тој начин нема да го добиете одморот што ви е неопходен. За да ја разбистрите главата не мора да правите нешто комплицирано, доволно ќе биде и да посветите 10 минути на медитација и правилно дишење.
Одржувајте константа телесна температура во текот на ноќта
За полесно да заспиете, потребно ви е благо снижување на телесната температура. Токму поради тоа голем број експерти од оваа област препорачуваат топла бања пред спиење. Откако ќе излезете од топлата вода, телото почнува да се лади, а вам ви се приспива. Не ја прегревајте спалната соба, туку оставете ја неколку степени постудена и искористете ги покривачите за да се стоплите до степен кога ќе ви стане удобно. На тој начин ќе можете непрекинато да спиете до утрото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.