| четврток, 6 декември 2018 |

Сами направете го подобар во кревет

Можеби сметате дека ако вашиот партнер е лош во кревет, дека ништо не може да се направи. Но, само вие ја имате моќта да му го покажете тоа и тоа на мошне храбар начин, во кој не треба да избирате зборови, туку само да се пуштите во акција. Преку вашите движења, тој ќе сфати што сакате и што ве возбудува.

Оставете го да ве гледа како мастурбирате и доживувате оргазам

Ова ќе му покаже како изгледате за време на доживувањето оргазам, а истовремено ќе му покажете кои допири го поттикнуваат тоа. Нареден пат, кога ќе ве допира, ќе знае што точно треба да прави.

Воведете вибратор

Потрудете се да најдете мал и симпатичен вибратор за да му покажете како сакате да ви го стимулира клиторисот. Или уште подобро, ставете го меѓу вашите тела и уживајте заедно.

Предложете му малку погруб секс, кога контролата е во ваши раце

Ако се согласи, заврзете го и кажете му што сакате да ви прави. Верувајте дека нема да размислува два пати за инструкциите и веднаш ќе се впушти во акција.

Имајте секс во различни соби

Спалната е совршена за секс, но исто така и кујната, купатилото и дневната. Отидете во купатило и земете го со себе. Звучи примамливо, нели?

Земете ги неговите раце и упатувајте го

Покажете му кои зони ве возбудуваат преку неговите раце, наместо преку зборување, за кое некои сметаат дека воопшто не е привлечно.

Гледајте порно заедно и направете го она што го сакате

– Сакаш ли да имаме ваков секс?

Ова прашање веднаш ќе го крене во воздух и ќе направи да ви се фрли и да ја направи секс позата од порното.

Имајте на ум дека на мажите треба да им се покаже дека сте подготвени за секаква акција и тие ќе ја зграпчат секоја можност која им се укажува.

(Идивиди)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top