Македонската одбојкарска репрезентација оваа сезона Европската лига ја заврши на втората позиција откако синоќа во финалето беше совладана од Словенија со 3:0 во сетови. Серијата добри игри особено во финишот го донесоа овој најдобар резултат за нашиот одбојкарски состав.
– Им честитам на Словенците за победата. Пред дуелот стравував единствено од нивниот добар сервис. За жал, тие имаа ден, а ние имавме потешкотии во приемот. Сепак, ова е наш најдобар резултат и јас сум горд на моите играчи, изјави селекторот на Македонија Жарко Ристоски.
Честитките за добриот настап на Македонија стигна и од селекторот на Словенија, Андреа Џани.
– Македонија е добар тим и во полуфиналето одигра навистина добро. Но, и ние ја посакувавме победата. Им честитам на моите одбојкари, бидејќи по многу напорна работа сезонава, ја постигнавме нашата цел.
Во изборот на најдобриот тим на завршниот турнир се најдоа и двајца македонски одбојкари: Јовица Симовски и Никола Ѓорѓиев, а покрај нив се уште и: Дејан Винчич (Словенија), Јан Новаковски (Полска), Ардо Крек (Естонија), Клемен Цебуљ (Словенија) и Дамјан Војташек (Полска), рече Ристоски.
Признанието МВП (најкорисен) играч го доби Винчич од Словенија, додека Македонија ја освои наградата за фер плеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓоргиев: По сѐ што направивме за Македонија, барем ја заслужуваме вистината!
-
Нов пораз на македонските одбојкари во квалификациите за ЕП
-
Жарко Ристоски поднесе оставка, одбојкарската репрезентација остана без селектор
-
Одбојкарите на Србија безбедно слетале на аеродромот „Ататурк“ еден час по нападот