Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов за „Танјуг“ изјави дека ако Унгарија ја затвори границата за бегалците, тоа ќе мора да го сторат и Македонија и Србија, бидејќи нема друго решение.
– Овој проблем не го измислија ниту Македонија, ниту Гевгелија, туку тоа е глобален проблем. Проблемот влегува низ држава која е членка на ЕУ, а тоа е Грција – изјави Франгов.
Тој додава дека очекува поголема поддршка од УНХЦР.
– Проблемот останува овде. Хуманитарците доаѓаат и си одат, но проблемот останува во градот – вели Франгов за „Танјуг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.