Европската комисија денеска го осуди непостапувањето на балканските земји по однос на нелегалната имиграција и ги повика да преземат мерки за затворање на балканскиот пат на имиграцијата, пренесоа француските медиуми.
– Балканскиот пат останува отворен за нелегалната имиграција затоа што некои земји од регионот не ги преземаат неопходните мерки за ситуацијата да ја држат под контрола, изјави еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и граѓани Димитрис Аврамопулос на прес конференција во Брисел.
„Овие земји кои сакаат да се приклучат кон ЕУ треба да сфатат дека овој пробем, исто така, ги тангира и нив и дека треба да ни помогнат да управуваме со проблемот на миграцијата“, изјави тој да ги посочи земјите што ги критикува.
Албанија и Македонија се транзитни земји за мигрантите пристигнати во Грција, а транзитот потоа продолжува преку Србија и Косово, забележуваат француските медиуми.
– Шверцерите со луѓе го открија овој пат и приливот од имигранти станува се поголем, што е основа за загриженост и аларм, подвлече Аврамопулос.
„Преку овој пат само во јули во Унгарија пристигнаа 35.000 мигранти и азиланти. Оваа земја е една од најизложените на проблемот, заедно со Грција и Италија“, подвлече еврокомесарот. „Унгарската Влада побара итна помош од осум милиони евра, што ќе биде испратена веднаш“, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст