Од 1 јануари оваа година досега преку Србија поминале 90.000 имигранти, изјави на прес-конференција српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, јави Танјуг.
Тој додаде дека дневно на територијата на Србија влегуваат до 2.000 лица, од кои повеќето веднаш ја напуштаат земјата.
Министерот рече дека оние кои остануваат, се задоволни од односот на властите кон нив и досега немало ниту еден инцидент меѓу имигрантите и локалното население.
Стефановиќ предупреди дека примањето имигранти ја чини скапо земјата и владата ќе побара дополнителна помош од меѓународни организации за да може да го продолжи помагањето бегалци со храна и медицинска помош.
Тој најави дека Србија планира да го прошири капацитетот за прием на бегалци, но истакна оти тоа не е решение на проблемот, туку треба да биде разработен широк план за дејствие на европско ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил