| четврток, 6 декември 2018 |

Во нападите врз ИД уништена болница за жени и деца

­ Болница за жени и деца е уништена, а десетици лица се убиени во воздушните напади на ирачките владини сили на територијата под контрола на Исламска држава во близина на Фалуџа, соопштија локалните власти во ирачката провинција Анбар на западот на земјата, додека ирачкото Министерство за одбрана негира дека погодува цивилни цели.

irak

 

Провинцискиот совет во Анбар соопшти дека ирачки авиони гаѓале екстремисти на ИД во селото Насаф, два километри јужно од Фалуџа, но оти е погодена болница.

Функционер задолжен за неколку болници во подрачјето на Фалуџа, кој сакаше да остане анонимен, рече дека во воздушните напади загинале најмалку 22 жени и деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top