Полицијата во југоисточниот турски округ Дијарбекир во неколку операции во изминатите денови запленила поголемо количество експлозив, доволно да се уништи целиот град, пишува електронското издание на весникот „Сабах“.
Во соопштение на окружната управа се наведува дека во операциите меѓу 20 јули и 13 август против членови на сепаратистичка терористичка организација, како што властите ја нарекуваат Курдската работничка партија (ПКК), е запленето големо количество оружје и муниција, вклучително над стотина рачно изработени бомби, 200 молотови коктели и 100 килограми хемикалии, за изработка на експлозивни направи. Во операциите се уапсени околу 350 лица, од кои 88 се уште се во притвор.
Властите на Дијарбекир соопштија дека ќе продолжат со решителна и целосна акција за спречување на плановите на терористичката организација со цел да се врати безбедноста на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.