| четврток, 6 декември 2018 |

Дали смирувањето со секс ги решава проблемите во врската?

секс

Жестоката расправија може да заврши со див секс. Наместо навредливи зборови по неколку минути од расправијата на сите страни лета облека. Многумина тврдат дека овој секс им е најубав, но дали така го решиле проблемот?

“Сексот за смирување” бесот го претвара во страст, па партнерите забораваат на лутината и се препуштаат на дивото задоволство. Тој го спречува продолжувањето на расправата и може да биде многу добар, бидејќи хормоните полуделе уште за време на кнфликтот. Но, дали е решение за проблемот кој ја предизвикал кавгата?

Ако проблемите во вашата врска не се големи, а расправиите почнуваат околу ситници, сексот ќе биде доволен да се испегла ситуацијата и да не се спомнува повеќе. Меѓутоа ако со партнерот се расправате за важни работи тогаш сексот само ќе ги влоши работите и проблемите ќе ги турне под тепих. Тие повторно ќе испливаат, а кавгата ќе се претвори во војна.

Можеби е подобро да се обидете со “секс за зближување” советуваат експертите. После кавгата прво разговарајте и решете го проблемот, па дури потоа препуштете се на игрите во кревтот. Нежното бакнување и милување кое повторно ќе ве зближи е многу подобро решение од брзиот  “секс за смирување”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top