Леброн Џејмс многупати досега покажал дека е „голем“ човек во секоја смисла!
Најдобриот кошаркар на денешнината вчера објави дека повеќе од 1.000 деца во САД, кои ќе го завршат неговата програма „Ветувам“, ќе имаат можност бесплатно да одат на колеџ.
Оваа програма ќе се одржува во Акрон и во Охајо и сите што ќе го завршат ќе имаат бесплатно школување на универзитетот во Акрон.
Ако се пресмета колку пари ќе потроши „кралот“ Џејмс тоа би изгледало вака.
Ако се земат предвид околу 1.000 деца, кои ќе бидат четири години на колеџ, и за секое од тоа дете годишно се потрошат 9.500 долари за школување, тогаш Џејмс ќе потроши повеќе од 40 милиони долари.
Тоа е приближно еднакво на две годишни заработки во Кливленд.
Ти симнуваме капа, мајсторе!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.