| четврток, 6 декември 2018 |

Исполнето ветувањето за санација на патот во Долнени

dolneni-novaНа само два дена е саниран патот кој го вети премиерот Никола Груевски при посетата на општина Долнени во вторникот. Жителите изразуваат благодарност до министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и премиерот Груевски за брзата реакција.
Во вторникот Груевски посочи дека при доаѓањето кон Дупјачани забележал дека на делот од патот што не е реконструиран има дупки и побара од министерот Мисајловски истите да се санираат.

-Доаѓајќи наваму, пред овој пат кој што е целосно обновен, видов еден дел од пат кој што се уште има многу дупки. Го побарав по телефон министерот за транспорт и го замолив додека не дојде на ред целосна обнова на тој пат, барем да се покријат тие дупки за да може граѓаните безбедно да патуваат , рече Груевски.

pat-dolneni

Во изминатите два дена можеа да се забележат екипите и градежната оператива како интензивно работи на терен во санација на патот за која премиерот Груевски вети дека брзо ќе биде саниран. Жителите на селото изразија благодарност до градоначалникот, министерот и премиерот за брзата реакција.

-Благодарение на нашиот градоначалник, кој како што паметам е најдобар до сега, а јас сум најстар од жителите во селото, полни 73 години. Ние сме најблиску до градот, а градоначалниците пред Марјан Ристески не знаеја каде е селово. Ние сега сме премногу среќни што се санира патот, имаме модерни коли, а да се возиме преку дупки. По овој пат не поминуваме само ние, поминуваат и од други села. Пак ќе кажам, благодарност до градоначалникот, министерството, до премиерот Никола Груевски. За нас ова е голема помош. Нам тоа ни треба. Пат ни треба, изјави жител на селото.

Ова претставува уште едно исполнете ветување кое инаку беше дадено при пуштањето на новиот коловоз во Долнени, меѓу населените места Дупјачани- Мраморани вреден 22 милиони денари денари, еден од најфрекфентните патниправци во Општина Долнени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top