Компанија што го испитува јавното мислење во САД „Кју скорс“ овој пат се занимавала со популарноста на јавните личности.
Тие направиле листа на најомразени јавни личности, а на прво место е старлетата Ким Кардашијан, која луѓето ја сакаат помалку дури и од Бил Козби, кој се соочува со тужби за силување и за сексуална експлоатација.
На листата подолу се:
Пола Дин – позната готвачка, која е обвинета за расизам против својот персонал во ресторанот. Таа признала дека своите вработени понекогаш ги нарекувала со погрдни имиња.
Мајли Сајрус – некогашната ѕвезда на „Дизни“ ја шокираше јавноста со вулгарниот настап на доделувањето на наградите „МТВ“ со Робин Тик.
Робин Тик – со својот последен сингл ја разгори дебатата за тоа дали промовира сексуално насилство кон жените, а потоа беше обвинет за плагијат и мораше да плати 5,3 милиони долари. Во тоа време се разведе и од сопругата Пол Патон.
Аријана Гранде – поп-пејачката се најде во средиште на скандал кога беше објавена снимка во која во продавница за крофни скришно лиже прелив од слатките. Пејачката подоцна се извини за ова однесување.
Бил Козби – речиси 50 жени го обвинија Козби за сексуално искористување и тој е еден од најосрамотените јавни личности во историјата на САД.
Џастин Бибер – иако не го сакаат луѓето, тоа воопшто не влијае на неговата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст