| четврток, 6 декември 2018 |

Хо­ро­ско­пот вли­јае и кај поз­на­ти­те: Та­ма­ра e енер­гич­на, Ка­ро­ли­на тру­до­љу­би­ва

Ни­ко­гаш не мо­же точ­но да се одре­ди кој еле­мент или пла­не­та, ко­га и во кол­ка­ва ме­ра ќе пре­ов­ла­ду­ва во од­не­су­ва­ње­то на при­пад­ни­ци­те на не­кој хо­ро­скоп­ски знак, но не­кои ка­ра­кте­ри­сти­ки се oпшто­при­фа­те­ни ка­ко пре­поз­нат­ли­ви за нив.

Стрел­ци­те се аван­ту­ри­сти, Ла­во­ви­те се до­ми­нант­ни, Ри­би­те се емо­тив­ци. При­па­ѓа­ње­то на одре­ден знак вли­јае и врз поз­на­ти­те лич­но­сти.

Ка­ко и по­ве­ќе­то Близ­на­ци, чи­ја­што ду­ша оста­ну­ва мла­да во те­кот на це­ли­от нив­ни жи­вот, Та­ма­ра То­дев­ска е енер­гич­на и аван­ту­рис­тка. Ка­ро­ли­на Го­че­ва, пак, ва­жи за спо­со­бен и тру­до­љу­бив ин­ди­ви­ду­а­лист, ка­ко и по­ве­ќе­то лу­ѓе ро­де­ни во зна­кот на Бик. Жен­ски­те при­пад­нич­ки на овој знак ги опи­шу­ва­ат ка­ко ста­бил­ни, ле­ко­мис­ле­ни љу­бов­ни парт­нер­ки, кои обич­но ја пре­зе­ма­ат спо­ред­на­та уло­га во вр­ска­та, а глав­на­та му ја пре­пу­шта­ат на сво­јот парт­нер.

Кол­ку од ка­ра­кте­ри­сти­ки­те и на­ви­ки­те пре­поз­нат­ли­ви за ва­ши­от за­ед­нич­ки знак про­на­о­ѓа­те кај овие поз­на­ти лич­но­сти?

 

Поз­на­ти во зна­кот на Овен: Жар­ко Ди­ми­три­о­ски, Аде­ли­на Та­хи­ри, Дар­ко Или­ев­ски

Ов­ни­те се кре­а­тив­ни, про­ник­ли­ви и прис­по­соб­ли­ви на си­те жи­вот­ни окол­но­сти и си­ту­а­ции. Зна­ат да би­дат мно­гу спон­та­ни, па око­ли­на­та нај­че­сто ги до­жи­ву­ва ка­ко ше­га­џии, но зна­ат и мно­гу бр­зо да из­був­нат по­ра­ди сит­ни­ци. При­чи­на­та за тоа е што се прем­но­гу страс­ни, осо­бе­но ко­га ста­ну­ва збор за нив­на­та про­фе­си­ја.

Поз­на­ти во зна­кот на Бик:  Ка­ро­ли­на Го­че­ва, Мар­ја­на Ста­ној­ков­ска, Еле­на Ри­сте­ска

За ро­де­ни­те во овој знак ка­ра­кте­ри­стич­но е што се пол­ни со енер­ги­ја, упор­ни се и сил­ни лич­но­сти. Уме­ат да кри­ти­ку­ва­ат, но зна­ат и да да­дат под­др­шка, да би­дат стрп­ли­ви и чув­стви­тел­ни. Тие се од­лич­ни мен­то­ри и са­ка­ат да ги по­ду­чу­ва­ат дру­ги­те и да им да­ва­ат ин­струк­ции. Не­ма­ат баш чув­ство за вре­ме, па че­сто доц­нат и изг­ле­да­ат не­ор­га­ни­зи­ра­но.

Поз­на­ти во зна­кот на Близ­на­ци: Та­ма­ра То­дев­ска, На­ум­че Мој­со­ски, Да­ни Ди­ми­тров­ска

Твр­дог­ла­во­ста е ка­ра­кте­ри­сти­ка што ги кра­си ро­де­ни­те во овој знак. Тие се и им­пул­сив­ни, но и неж­ни, со меч­та­тел­ска ду­ша. Се ве­ли де­ка овие лич­но­сти има­ат две ли­ца и де­ка че­сто го ме­ну­ва­ат рас­по­ло­же­ни­е­то. Ха­риз­ма, жел­ба за ус­пех и по­зи­тив­на мис­ла е тоа што се за­бе­ле­жу­ва пр­во кај овие лу­ѓе.

Поз­на­ти во зна­кот на Рак: Игор Џам­ба­зов, То­ни Зен, То­ни Ми­хај­лов­ски

Ра­ко­ви­те се неж­ни, бла­ги и вер­ни лич­но­сти. Исто та­ка, мо­жат да би­дат тврд орев, кој е те­шко да го скр­ши­те за­тоа што се по­све­те­ни на сво­и­те жел­би, теж­не­е­ња и це­ли. Зна­ат да би­дат пов­ле­че­ни лич­но­сти и са­мот­ни­ци и че­сто има­ат „мо­мен­ти“ ко­га са­ми­те на се­бе си се до­вол­ни.

Поз­на­ти во зна­кот на Лав: Мар­ко Ма­рин­ко­виќ – Сла­ткар, Го­ран Пан­дев, Пе­ро Ан­тиќ

Хра­брост, твр­дог­ла­вост и ха­риз­ма се ка­ра­кте­ри­сти­ки­те со кои се ка­ра­кте­ри­зи­ра овој хо­ро­скоп­ски знак. Ла­во­ви­те со сво­ја­та огром­на са­мо­до­вер­ба пра­ват дру­ги­те лу­ѓе да ги до­жи­ву­ва­ат ка­ко ли­де­ри и ка­ко лич­но­сти од до­вер­ба. Има­ат од­лич­на смис­ла за ху­мор и дру­ги­те ги сме­та­ат за за­бав­ни лич­но­сти, кои се­ко­гаш се за­фа­те­ни и нај­че­сто се на­о­ѓа­ат на ра­ко­вод­на по­зи­ци­ја.

Поз­на­ти во зна­кот на Де­ви­ца: Ка­та­ри­на Ива­нов­ска, Ди­ми­тар Ан­до­нов­ски, Фи­лип Мир­ку­лов­ски

Де­ви­ци­те се ана­ли­тич­ни, ин­ту­и­тив­ни и мно­гу љу­бо­пит­ни. Не се пла­шат да ги иска­жат јас­но сво­и­те раз­мис­лу­ва­ња, ста­во­ви и не под­не­су­ва­ат авто­ри­те­ти. Тие се го­ле­ми бор­ци за прав­да и че­сто на дру­ги­те им слу­жат за ис­по­ве­ду­ва­ње и за со­ве­ту­ва­ње. Па­ме­тат сè и ако не­кој ги по­вре­ди му вра­ќа­ат три­па­ти по­ве­ќе.

Поз­на­ти во зна­кот на Ва­га: Ли­ла Фи­ли­пов­ска, Ви­кто­ри­ја Ло­ба, Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски

Ва­ги­те се шар­мант­ни лич­но­сти со стил и се мно­гу емо­тив­ни. По­ве­ро­јат­но е де­ка ќе из­бег­ну­ва­ат ка­ра­ни­ци откол­ку да си ги бра­нат сво­и­те ста­во­ви и ар­гу­мен­ти. По­све­ту­ва­ат го­ле­мо вни­ма­ние на изг­ле­дот. Са­ка­ат уба­ви, лу­ксуз­ни и ска­по­це­ни ра­бо­ти.

Поз­на­ти во зна­кот на Скор­пи­ја: Лам­бе Ала­ба­ко­ски, Ме­ли­та Ра­ки­ќе­виќ, Ес­ма Ре­џе­по­ва

Скор­пи­и­те се пол­ни со са­мо­до­вер­ба, ја­ки и сил­ни лич­но­сти, кои цвр­сто сто­јат на зем­ја. Че­сто не се сфа­те­ни од око­ли­на­та за­тоа што ни­ко­гаш не се под ту­ѓо вли­ја­ние, ту­ку се­ко­гаш си ги бра­нат сво­и­те ста­во­ви. Не се сра­меж­ли­ви и са­ка­ат пре­диз­ви­ци. По­себ­но ко­га е во пра­ша­ње љу­бо­вта.

Поз­на­ти во зна­кот на Стре­лец: Са­шко Ко­цев, Дра­ган Ве­лич­ков­ски – Тај­зи, Вла­до Ја­нев­ски

Стрел­ци­те по при­ро­да се аван­ту­ри­сти и оп­ти­ми­сти, кои са­ка­ат пре­диз­ви­ци. Има­ат го­ле­ми со­ни­шта и проб­лем со стрп­ли­во­ста. Са­ка­ат сè вед­наш и се­га.

Поз­на­ти во зна­кот на Ја­рец: Ка­ли­о­пи, Мар­ко Но­ве­ски, Ацо Јо­нов­ски

Јар­ци­те се пра­ктич­ни лич­но­сти, мно­гу ор­га­ни­зи­ра­ни и стрп­ли­ви. Са­ка­ат да фи­ло­зо­фи­ра­ат, тие се вер­ни при­ја­те­ли и бор­ци за прав­да. Се­бе­си си по­ста­ву­ва­ат ви­со­ки це­ли и не­ма да за­прат до­де­ка не се иска­чат на са­ми­от врв.

Поз­на­ти во зна­кот на Во­до­ли­ја: Ти­ја­на Дап­че­виќ, На­де Та­лев­ска, Вла­тко Гроз­да­нов­ски

Во­до­ли­и­те се умет­нич­ки на­стро­е­ни лич­но­сти, но се мно­гу про­ник­ли­ви. Има­ат до­бра ко­му­ни­ка­ци­ја со лу­ѓе­то и се од­лич­ни со­вет­ни­ци. Лу­ѓе­то че­сто ги пра­шу­ва­ат за мис­ле­ње и за со­вет.

Поз­на­ти во зна­кот на Ри­би: Вес­на Пе­тру­шев­ска, Пе­тар Ан­ге­лов – Ди­ви, Васил Зафирчев

Ро­де­ни­те во овој знак ги кра­си искре­ност, не­се­бич­ност и са­мо­до­вер­ба. Мно­гу се чув­стви­тел­ни и мно­гу лес­но мо­же да ги по­вре­ди­те. Тие се во со­стој­ба да се расп­ла­чат од нај­ма­ла кри­ти­ка, а не си ги про­сту­ва­ат ни­ту сво­и­те ни­ту ту­ѓи­те гре­шки. Не се по­врш­ни и раз­мис­лу­ва­ат дла­бо­ко пред да поч­нат да дејс­тву­ва­ат.

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 153. број на неделникот „Република“, 7.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top