Се повеќе научни истражувања покажуваат дека не е сеедно во која дома на денот што правиме. Британските научници спроведоа студија во која ги одредоа најдобрите часови и минути кога е добро да се прави одредено нешто.
5.48 Идеално време за секс – нивото на тестостерон кај мажите е 25 до 50 отсто повисоко отколку во текот на денот, а покачен е и кај жените. Покрај тоа, партнерите се релаксирани затоа што мозокот во текот на ноќта закрепнал од стресот.
6.53 Најризично за срцев удар – во таа доба човекот се наоѓа во последната фаза на сонот. Надбубрежната жлезда произведува поголема количина на адреналин за да го шокира нашето тело и да го разбуди, а тоа може да предизвика пукање на крвните жили.
7.25 Најпопуларно време за станувањње – истражувајќи ги навиките на луѓето во Велика Британија, експертите дошле до заклучок дека тоа е просечното време на будење.
7.40 Најдобро време за мерење – тоа оприлика е времето после посетата на ВЦ-то, а пред доручек. Тогаш стрелките на вагата ќе покажат колку навистина тежите.
8.00 Тогаш сме најсреќни – мозокот е одморен, се уште не сме под стрес, проблемите се чинат далечни….Ова е доба кога сме најоптимисти.
9.17 Најлошо време за кафе – пиењето кафе во ова време е непотребно, затоа што нашето тело веќе е како под дејство на кофеин, бидејќи е полно со кортизол, хормон поради кој се чувствуваме будни и на штрек.
10.06 Тогаш изгледаме најубаво – време кога фризурата е спремна, шминката одамна ставена. Стресот се уште не го направил своето.
11.00 Тогаш најчесто се умира – научниците тврдат дека времето во кое ќе умреме ни е запишано во гените, а ова е часот во кој според просекот луѓето најчесто умираат.
12.37 Време за кратка дремка – во тоа време температурата на телото опаѓа и се произведува мала количина на мелатонин, хормон поради кој ни се спие.
14.00 Најидеално време за посета на забар – тогаш локалната анестезија ќе трае и до три пати подолго. Научниците немаат објаснување за тоа, но се претпоставува дека тоа е поради пренасочувањето на енергијата на телото на други биолошки процеси.
15.13 Најдобро време за чистење на куќата – координацијата меѓу очите и рацете тогаш е на највисоко ниво, како и нивото на расположение. Ова е идеално време и за шиење, перење и сл.
16.41 Најмалку сме друштвени – после ручекот енергијата ни опаѓа и ни се смалува способбноста за размислување. Тогаш не сме склони кон паметни или интересни разговори. Ако сте повикани на интервју за работа меѓу 16 и 18 часот, мали се шансите дека добро ќе поминете.
17.44 Најдобро време за вежбање – oколу 80 отсто светски рекорди се срушени доцна попладне. Тогаш сме физички најефективни и најмалку склони кон повреди, а мускулите се загревале во текот на денот.
18.25 Најголема шанса за забременување – планирате бебе, ова е најидеалната доба за оплодување. Научниците открија дека тогаш квалитетот на спермата е најдобар, односно има најголема концентрација.
22.51 Креативноста е на врвот – кога умот ни е уморен, тогаш мислите лутаат и стануваме покреативни. Тогаш е одлично време за потхранување на долгорочната меморија. Мозокот тогаш користи повеќе одредени хемикалии задолжени за памтење.
00.28 Просечно време за легнување – иако експертите тврдат дека сепак, најдобро време за легнување е меѓу 21 i 23 часот.
4.36 Време за породување – во поголемиот дел од светот бебињата се раѓаат меѓу 3 и 5 часот наутро. Нашето тело со тоа ни покажува дека тоа е најсигурното и најздраво време за пораѓај. Причината за тоа е што мозокот тогаш е многу опуштен, како и телото и мускулите, а чувството на болка тогаш е помало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст