| четврток, 6 декември 2018 |

Се развел затоа што сопругата не му подготвувала вечера навреме

IMG_3151_BLOG-MAIN

Судот во Лагос донесе одлука за развод на бракот на 57-годишен Нигериец, кој се жалел дека сопругата со години доцнела со подготовката на вечерата.

Според весникот „Вангард“, 57-годишниот Олуфад Адекој бил на работ на нервен слом затоа што неговата сопруга Олусол, со која бил 25 години во брак, одбивала да ја послужи вечерата „навреме“.

– Мојата сопруга не ги исполнува брачните должности. Не ми подготвува да јадам навреме, а јас неколку пати ја опоменав. Таа, едноставно, не сакаше да ме слуша – изјави Адекој пред судот.

– Не гледам зошто би ја чувал жената што ме остава гладен. Доста ми е од сè – додаде тој.

Неговата сопруга ги отфрли сите обвиненија, тврдејќи дека тоа го измислил за да се ожени за друга жена.

Судијата Олу Адебиј, сепак, донесе одлука за развод.

Судот во повеќе наврати се обидувал да ги смири, но сите тие напори не дале никакви резултати.

Се верува дека ова е првпат еден брак да биде прекинат поради доцнење на вечерата, иако за Нигеријците не се невообичаени разни бизарни поводи за развод.

Во 2008 година, еден исламски проповедник беше принуден да се разведе од 82 од своите 86 жени, во согласност со исламските закони, кои пропишуваат мажите да имаат најмногу четири жени.

Нигерискиот сајт „Шугар дејли“ направи список на најчудни барања за развод што биле поднесени во последните години. Меѓу нив е барањето на еден 32-годишен бизнисмен, кое го вложил само неколку часа по раскошната свадба, затоа што открил дека невестата користи перничиња за зголемување на обемот на задникот.

Развод ѝ бил одобрен на жена, која тврдела дека нејзиниот сопруг често врши нужда во лонци и тенџериња кога е пијан.

Еден Нигеријец е разведен по пет години брак затоа што мајката и таткото на неговата сопруга се мешале додека ја тепа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top