| четврток, 6 декември 2018 |

Формата на прстите ја открива вашата судбина

прсти

Веројатно повеќето од вас имаат слушнато за одредување на судбината според линијата на животот на рака или преку гледање на рака. Но , знаевте ли дека судбината може да одреди според обликот на прстите на вашата рака?

Сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за својата судбина и за нивните јаки и слаби страни овој метод е решението. Што ги прави прстите толку важни? Па токму тие се уникатни! Отпечатокот од прстот уште во осмата недела од бременоста ја одредуваат нашата судбина за цел живот.

Постојат пет главни видови на врвови на прсти: Квадратна, Заоблена, Конусовидна,Заострена и Лопатовидна форма.

Квадратна
Ако врвовите на вашите прсти се квадратни , вие сте реални – сериозни и насочени. Животот ви е успешен и имате шанса да направите добро пари и да постигнете многу големи успеси. Борбениот дух ве спасува од многу пречки.

Заоблена
Доколку пак, врвовите на прстите ви се заоблени, вие сте весела личност и голем оптимист. Брзо се приспособувате кон сите промени. Убедени сте дека на крајот се ќе се заврши добро и тоа во повеќето случаи се покажува точно така.

Конусовидна
Ако врвовите на прсите ви се конусовидни , вие сте вистински среќници. Ги имате сите квалитети на лидер, умеете да ги промовирате подредените и да го вадите најдоброто од нив. Не случајно сте секогаш во центарот на вниманието.

Заострена
Доколку прстите ви се со заострена форма, вие сте голем среќник. Овој вид на отпечатоци се најретките и најчесто се забележителни од далеку. За вас среќата е секогаш на ваша страна. Во животот се ќе ви биде гладко и лесно.

Лопатовидна
Доколку пак врвовите на прстите ви се лопатовидни, вие сте исклучително активена и динамична личност. Никогаш не преморувате. Постојано имате потреба од нови предизвици за да се докажете. Во повеќето случаи станува збор за исклучително паметни и начитани луѓе со голема амбиција

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top