| четврток, 6 декември 2018 |

Како да бидете поуспешни во флертувањето

флерт

Некои поседуваат навистина одлични вештини за флертување и знаат да го привлечат вниманието на личноста за која се заинтересирани. Од друга страна имате луѓе кои никако не успеваат да ја откријат тајната на флертот.

1. Контакт со очи

Ова е многу важно. Контактот со очи е голем и јасен знак дека сте заинтересирани за некого. Интензивниот поглед може да ве направи поатрактивни за некого. Според студијата што ја пренесе Yahoo, гледањето очи во очи околу две минути со личност што не ја познавате може да го поттикне чувството на страст.

2. Допирот е задолжителен

Мажите се порезервирани во поглед на ова и не можете да ги обвините, поради тоа што допирањето на жена која штотуку ја сретнале може да заврши лошо за нив. Но, затоа пак за жените допирот е одличен начин за флерт. Постојат неколку типови на допири – почнувајќи од пријателски (на пример допир на рамото), потоа може да поминете на малку позаводлив допир (на пример околу половината), а врвниот допир е оној на лицето (секако треба добро да процените кој допир е соодветен во ситуацијата).

3. Глумењето недостижност функционира

Ова тешко се изведува, но функционира. Доколку направите во туѓите очи да изгледате како личност која е тешко да ја освоите, додека сепак делувате заинтересирано ја имате добитната комбинација. Луѓето го посакуваат она што не можат да го добијат.

4. Говорот е знак за вашата заинтересираност

И во овој случај жените имаат предност. Жените можат поуспешно од мажите да го манипулираат својот глас, односно кога се заинтересирани за некого тие можат да говорат поглатко. Значи, доколку припаѓате на понежниот пол во ситуација да треба да флертувате секогаш можете да ја употребите оваа способност за да испратите сигнал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top