Секој 13 човек на планетата Земја пишува и доминатно се служи со левата рака, а 13 август е Меѓународен ден на левучарите, ден кога се говори за тие што се служат и пишуваат со лева рака и кои живеат во опкружување во кое сѐ е приспособено на деснаците.
Науката уште не одговори на прашањето зошто некој е деснак, а некој левучар. Се верува дека генетиката има големо влијание, а тоа го потврдуваат и најновите истражувања.
За левучарите има голем број предрасуди, како на пример дека живеат пократко и почесто страдаат во несреќи, што неодамнешните студии го демантираа. Порано важеле и предрасудите дека биле посиромашни (Бил Гејтс?), помалку интелигнетни (Алберт Ајнштајн?), помалку талентирани (Леонардо да Винчи, Микеланџело?), но подобри спортисти и подобри љубовници.
Меѓу познатите левучари се и Бетовен, Бах, Чарли Чаплин, Пол Макартни, Џими Хендрикс, Александар Македонија, Наполеон, Барак Обама.
Едно истражување на Универзитетот во Санкт Петерсбург покажа дека 95 отсто од кенгурите се левучари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст