| четврток, 6 декември 2018 |

Џејмс Забиела во Скопје

На Скопје веќе неколку години му недостигаше електронска сцена со светски диџејски ѕвезди. Од овој викенд, градот ќе стане побогат за уште еден клуб каде што редовно ќе гостуваат диџеи од странство.

Фабриката за добра музика се отвора овој петок со гостување на Џејмс Забиела, еден од најголемите диџеи на денешницата.

Картите се продаваат по супер промотивни цени и можат да се купат на nastani.com.mk и kupikartizase.mk како и во Југотон. Новотворениот клуб „Фабрика“ се наоѓа во Градскиот Парк, а журката продолжува и во сабота со домашните диџеи Ана Мало, Никифор, Еми Ермилова и Никс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top