| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на Сухарто мора да врати 325 милиони долари во буџетот на Индонезија

Суд во Џакарта денеска издаде налог според кој семејството на поранешниот претседател на Индонезија, Сухарто треба да ја плати пресудената глоба од 325,1 милиони долари во рок од осум дена.

13082015102541_Suhatro

Семејството, кое управува со фондацијата „Суперсемер“, пред Врховниот суд беше обвинето дека преку фондацијата испрало најмалку четирипати поголема сума од пресудената што мора да и се врати на државата.

Портпаролот на Судот соопшти дека нема да бидат дозволени никакви адвокатски малверзации со цел да се одложи плаќањето на казната.

– Доколку во превидениот рок семејството Сухарто не ја плати казната, ќе им биде попишан имот, дополни тој.

Семејството на Сухарто во последните три децении на минатиот век беше некој вид симбол на корупцијата во Идонезија и пошироко. Сопругата на Сухарто, госпоѓата Тиен имала тим соработници кои грижеле ниту една инвестиција, домашна или странска, да не помине ако на сметката на првата дама не бидат обезбедени најмалку 10 отсто од вредноста на инвестицијата. Парите собирани од ваквите „провизии“ се переле и преку семејната фондација, која треба да финансира школување на талентирани ученици и студенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top