| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот американски претседател Џими Картер боледува од рак

Поранешниот американски претседател Џими Картер сопшти дека боледува од рак. Болеста била откриена за време на хирушка интервенција со која му бил отстранет дел од црниот дроб.

dzimi-karter-sad-krse-ljudska-prava-slika

Во соопштение за јавниста, 90-годишниот Картер открива дека ракот зафатил и други делови од неговото тело.

Овој политичар на Демократската партија од сојузната држава Џорџија, ја напушти Белта куќа во Вашингтон во 1981 година, но низа години потоа остана активен во американскиот јавен живот, преку неговиот Центар за хуманитарни активности „Картер“, кој беше создаден набрзо по неговото замнување од претседателската функција.

Тој ги водеше преговорите во името на САД за пактот за нуклеарно разоружување со Северна Кореја, а во рамките на своите хуманитарни активности ја посети и Сирија и се сретна со сирискиот претседател Башар ел Асад.

За претседател на САД Картер беше избран во 1976 година и на функцијата остана само еден мандат. На изборите во 1980 година, тој беше поразен од републиканскиот претседателски кандидат Роналд Реган.

Џими Катрер е еден од четворицата живи порaнешни претседатели на САД, заедно со таткото и синот Џорџ Буш и Бил Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top