| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана Дапчевиќ пред развод?

Новиот број на српскиот магазин „Блиц пулс“ ја носи, како што велат, ексклузивната приказна дека Тијана Дапчевиќ е пред развод. Македонската пејачка се најде на насловната страница на која се наведува дека  е пред развод со својот сопруг Милан Дапчевиќ, со кого се во брак повеќе од десет години. Исто толку време Тијана живее во Белград.

11227865_907330582635959_954633980763088154_n

Не се откриени детали за оваа вест, но под насловот стои дека Тијана му дала ултиматум на својот сопруг „или да се промени, или да се разделат“.

Тијана (38) и Милан го имаат петгодишниот син Вук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top