Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди да биде стрелан првиот вицепремиер Чхуе Јон Гон, бидејќи покажал незадоволство од политиката на Ким, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Јужнокорејските медиуми се повикуваат на анонимен извор за смртта на 63-годишниот Чхуе, поранешен специјален претставник за соработка со Јужна Кореја.
Во мај Чхуе изразил несогласување со политиката на раководството во областа на шумарството и не се справувал добро со својата работа, пренесува Јонхап.
Минатата година тој беше назначен за вицепремиер. Работел во односите со Јужна Кореја во првата деценија на XXI век, а ја предводеел севернокорејската делегација во комисиите за економска соработка од 2003 до 2005 година. Во 2004 година беше присутен на отворањето на Кесонската индустриска зона, која е последен заеднички проект на Северна Кореја и Јужна Кореја.
Јужнокорејското Министерство за национално обединување, кое е одговорно за односите со Северна Кореја, соопшти дека Чхуе не е виден во јавноста осум месеци.
Според податоците на јужнокорејското разузнавање од 2011 година се егзекутирани околу 70 високи службеници. Најмногу одекна информацијата за егзекуцијата на Чан Сон Тхек, чичко на севернокорејскиот лидер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст