| четврток, 6 декември 2018 |

Емин Џијан и Дерик Меj ќе настапат во Детроит

Музичарот и диригент, Емин Џијан, и пионерот на детроитската техно-сцена, Дерик Меј, петок во Детроит, САД, ќе настапат на голем летен музички фестивал под отворено небо во паркот „Чен“ („Chene“).

derik-mej-i-emin-dzhijan-kje-rasturaat-vo-belgija-170146

 

Продуцентската куќа „Излет мјузик“ од Скопје, чиј идеен творец и сопственик е Огнен Узуновски-Оги го најави концертот, потенцирајќи дека „врвниот музичар и диригент, Емин Џијан, кој направи аранжмани на музиката на Меј, ќе диригира со Детроитскиот симфониски оркестар и дека тој е и првиот од Балканот кој настапува со тој оркестар, кој е еден од најстарите во САД“. Ова е четврта по ред соработка на оваа продуцентска куќа со со Меј и Џијан. Првпат заедно настапија лани на Античкиот театар во Охрид со Македонската филхармонија на концертот „Музика универзалис“, каде што Меј ја презентираше својата електронска музика низ класичен манир, според музичките аранжмани на Џијан, па следуваше настапот со Фламанскиот симфониски оркестар во Белгија и потоа во Париз на музичкиот „Weather festival“, каде што Меј настапи со симфониска формација од 40 музичари под диригенство на Џијан.
Kонцертот во Детроит е најавен како фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио-поддршка.

„Концертот во Париз помина фантастично. Публиката буквално „урлаше“ по завршетокот на секоја композиција. Навистина убаво чувство и потврда дека ова што го правиме е добро, бидејќи за мене секогаш публиката е таа која одлучува“, изјави Џијан пред заминувањето во Детроит, изразувајќи надеж дека настапот на реномираниот музички фестивал во тој град ќе биде уште едно незаборавно искуство. Тој напомена и дека фестивалот во Детроит прославува годинава 30 години од своето постоење, а и дека на него ќе настапи и пејачката Арета Френклин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top