На ридот Гроот над Велес изгаснат e голем пожар со кој беше зафатена поголема површина дабова шума и пасишта, но се уште има жаришта.
Според информацијата од Противпожарната единица од Велес, вечерва околу 19 часот е изгаснат големиот пожар на ридот Гроот над Велес со кој, според првичните проценки, биле зафатени околу 200 хектари ниска дабова шума и пасишта.
Пожарот кој попладнево избувна околу 14 часот го гаснеа екипи на ППЕ од Велес и вработени од ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.
Како што не информираа за МИА од ППЕ, има уште неколку жаришта поради што екипи од ЈП „Македонски шуми Шумско стопанство Бабуна“ од Велес и вечерва се на терен, за донекаде да ја контролираат состојбата.
Гаснењето на пожарот беше отежнато и поради ветрот кој попладнево непрекинато дуваше на овој реон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст