| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка во Кина морала да бира меѓу двајцата сина, кому да му го спаси животот

Од 300 илјади луѓе годишно кои чекаат на трансплатација на органи во Кина ја дочекуваат само 12 илјади.

51-годишната Лиан Ронгуа морала да одбере кому од двајцата синови ќе му донира бубрег.

Tragic Mum Faces Sophies Choice Over Which Child Must Die

Двајцата нејзини синови се разболеле од уремија – состојба која доведува до целосен застој во функционирање на бубрезите. Само еден од нив двајца може да прими бубрег од мајката, затоа што таткото боледувал од висок крвен притисок и не можел да донира.
Семејството Ронгуа многу патело поради болеста на синовите, а Лиан со тешкотии зборувала за ситуацијата во која се наоѓа.
– Не разбирам и не знам зошто и двајцата синови ми се болни – му рекла на новинарот од „Би-би-си“ низ солзи.

Мајката не можела да ја донесе таа мачна одлука, па било одлучено за неа. Постариот син Ли Хаигинг (26) одлучил дека неговиот помлад брат Хаисонг (24) треба да го прими бубрегот од мајката.

– Сакав мојот брат да го прими бубрегот, помлад е и има поголеми шанси за заздравување – објаснил Хаигинг, кој поради болеста бил приморан да ги напушти студиите по медицина.
– Се надевам дека ќе отидам на трансплатација пред да биде доцна. До тогаш едноставно ќе морам редовно да одам на дијализа – им објаснил Хаигинг на новинарите – ведар и оптимистичен. Но, неговите шанси за трансплатација се мали.
Кина е во огромен дефицит со органи за донација, што е одлична прилика за илегална продажба на органи на безнадежните, кои често залудно чекаат на болничките листи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top