„Ѓаволот во белиот град” на Ерик Ларсон конечно ќе добие филмска верзија што ќе ја режира Мартин Скорсезе, а главната улога ќе ја игра Леонардо ди Каприо.
Студиото “Парамаунт пикчерс” потврди дека ги добило правата на бестселерот на Ларсон. Сценариото ќе го адаптира Били Реј кој беше сценарист за „Капетан Филипс” и „Игри на гладните”.
Ова ќе биде шеста соработка на игран филм за Скорсезе и Ди Каприо кои последен пат работеа заедно на филмот „Волкот од Волстрит”.
Книгата на Ларсон објавена во 2003 е нелитерарно дело за архитектот на Светскиот саем во Чикаго во 1893 и сериски убиец кој го искористи саемот како локација за неговите убиства. Книгата долго време беше предмет на жестоко наддавање во Холивуд, а Ди Каприо особено беше заинтересиран за филмските права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.