Кражбата на деценијата, во која беше украдено мајмунчето Лука, била снимена на една од 24 видеокамери на зоолошката градина. Сите се исправни, пишува „Утрински весник“.
Според извори на весникот, не се точни првичните тврдења на осомничената кавадарчанка, според која, „морала“ да го украде мајмунчето поради плачот на нејзиното шестгодишно глувонемо дете.
-Кражбата траела петнаесетина минути. Мажот, жената и детето кое било со нив, стоеле пред живеалиштето на Лука. Го хранеле со смоки, иако тоа е најстрого забрането. Разговарале меѓу себе колку е убаво животинчето, ковале планови како да го украдат, бидејќи ќе земеле многу пари за него. Потоа, клекнале и почнале да копаат по земјата, односно да ја сечат жицата“, раскажуваат извори на Утрински.
Според нив, станува збор за добро разработена шема, бидејќи поставената жица била многу квалитетна и не можела да се исече со каква било опрема. Во прилог на овие тврдења оди информацијата дека во последниот период, кавадарчаните дури осум пати ја посетиле зоолошката градина во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст