| четврток, 6 декември 2018 |

„Баракуда ФХ“ најавува инвестиција од еден милион евра и 90 вработувања

bara

Вкупно еден милион евра ќе биде првичната инвестиција на ирската компанија „Баракуда ФХ“ која и официјално го потврди влезот во Македонија.

Како што соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, по средбата со менаџерскиот тим на компанијата, „Баракуда ФХ“ ќе отвори посебен центар за истражување кој треба да почне со работа за околу еден месец, а вработени ќе бидат 80 до 90 високостручни кадри.

bara3

– Се работи за центар за истражување кој не е типичен и досега нема таков во Македонија. Целта е, од она што компанијата сега го има како главен производ за тргување на светските пазари, да се развијат производи во Македонија за другите сегменти во финансиското работење- истакна Пешевски.

Според Морис Куран, еден од основачите на компанијата, менаџерскиот тим многу лесно ја одбрал Македонија како дестинација за инвестиции поради одличните услови што ги нуди, посебно поради инфраструктурата, економијата и расположливиот кадар.

bara2

– Неколкупати ја посетивме Македонија. Бевме охрабрени од она што го видовме, професионалност, перспектива… Затоа лесно ја донесовме одлуката да дојдеме тука. Се надеваме дека многу странски компании ќе го следат нашиот пример –  рече Куран.

Баракуда ФХ е релативно нова компанија. Лоцирана е во Даблин, но има претставништво и во Лондон. Испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финaнсиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија.

Центарот за истражување што се отвора во Скопје ќе биде сместен во „Соравија“, а планираните еден милион евра ќе бидат вложени во опрема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top