Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а врз основа на Законот за правда за деца, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе известување против три малолетни лица од Охрид.
Кривичното дело „насилство“, пријавените малолетници го сториле на 31 јули околу 23.30 часот на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Тие влегле во двор од семејна куќа и со метална палка на расклопување нападнале друго малолетно лице, кое во дворот било со уште неколку малолетници. На истиот му задале повеќе удари по телото со што му нанеле телесни повреди и ја загрозиле неговата сигурност.
Истовремено, вршејќи грубо насилство, пријавените малолетници на возраст од 15 и 16 години, сите од Охрид, предизвикале загрозување, страв и несигурност и кај останатите малолетници кои биле во дворот од куќата. Металната палка што ја имале, подоцна ја закопале во земја на нивата сопственост на родителот на еден од пријавените.
По консултација со јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи, СВР Охрид ги повика малолетните лица и во присуство на нивните родители изврши разговор во врска со кривичното дело. Употребената метална палка е пронајдена и одземена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст