| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан гостиварец физички ја нападнал сопругата

Гостиварка го пријавила сопругот за семејно насилство откако вчера попладне, физички ја нападнал во семејната куќа и ѝ нанел видливи повреди.

napad siluvanje

 

Според СВР Тетово, Л.М. (39) дошла во полициска станица Гостивар и кажала дека сопругот ја натепал и побарала кривичен прогон. Насилниот сопруг С.М. (49) претходно дошол во домот во алкохолизирана состојба, започнал расправија и се нафрлил врз жената удирајќи ја со тупаници по главата и телото.

Таа се пожалила дека и претходно била малтретирана и дека тоа се случувало пред нивниот малолетен син.

Сопругот бил приведен и задржан, а денес е пуштен. Од СВР Тетово најавуваат соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top