| четврток, 6 декември 2018 |

Во Бутел ќе се градат две нови индустриски зони

Изградба на две нови индустриски зони во општина Бутел со цел привлекување инвеститори и отворање работни места, се предвидени во програмата на кандидатот за градоначалник на општината од ВМРО-ДПМНЕ, Петре Латиновски.

– Градоначалникот планира две индустриски зони за да се привлечат фирми и на тоа место да изгрдат  погони, фабрики, да се вработат луѓе, веројатно  голем дел од самата општина – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски.

GRUEVSKI_portret9

Тој попладнево го посети местото каде што се гради новата зграда на училиштето „Живко Брајковски“. Карабината на училиштето, најави, ќе биде изградена за четири месеци, по што ќе се работи на фасадниот и на внатрешниот дел.

– Тоа ќе биде убав проект од корист за учениците и за наставниците. Покрај ова училиште, веднаш по неговото завршување градоначалникот планира уште едно во Визбегово, планира градинка во Радишани, а булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ ќе се продолжи до индустриската зона што ќе се гради – рече Груевски.

Проеките што ги наведе, како што посочи, се само дел од планираните во програмата на Латиновски.

– Сакаме да порачаме дека во Бутел се градеше и ќе се гради и понатаму, ќе се гради тоа што е од корист, значење и приоритет на граѓаните – нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top